Финска ја спушта рампата за руски гас

Финска планира да го забрани увозот на течен природен гас (LNG) од Русија во 2025 година, објави финскиот весник Helsingin Sanomat.

Весникот се повикува на локалниот министер за животна средина и климатски прашања, Каи Миканен, како извор на оваа информација.

Финската влада мора да се консултира со Европската комисија (ЕК) за ова прашање и може да воведе забрана за увоз само на ограничен временски период, пренесува Комерсант.

Финската државна енергетска компанија Гасум продолжува да купува минимални количества течен природен гас од Русија според долгорочен договор кој не подлежи на санкции од Европската унија.

Во декември, Советот на ЕУ и Европскиот парламент привремено се договорија за големи ограничувања за руските добавувачи на гас.

Се очекува гореспоменатите ограничувања да стапат на сила на пролет, по што Финска ќе го претстави својот предлог за забрана на рускиот ЛНГ.

Можеби ќе ве интересира...

Лидл во Србија повлече два бисквита од пазарот поради можно присуство на метални фолии

BiznisPRO

Германските потрошувачи се уште се песимисти, се повеќе штедат поради кризата и економската неизвесност

BiznisPRO

Гигантот во проблеми: Веста за наводните труења со Кока-Кола во Хрватска одекна низ светот

BiznisPRO