Германските потрошувачи се уште се песимисти, се повеќе штедат поради кризата и економската неизвесност

И покрај малото подобрување на расположението, германските потрошувачи се уште се песимисти и не сакаат да трошат пари, покажува истражувањето објавено денеска од германската агенција за истражување на пазарот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Индексот на расположението на потрошувачите за февруари благо порасна од минус 29,6 поени во јануари на минус 29 поени, се наведува на веб-страницата на агенцијата GfK.

„Постои голема неизвесност меѓу потрошувачите во Германија“, објаснува Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).
Тој изјави дека Германија се уште чека економско закрепнување.

Потрошувачите очекуваат во иднина да им се зголемат приходите, што е подобрување од јануари, но не се расположени за трошење туку за заштеда.

Подиндексот кој ја мери склоноста кон штедење се зголеми од 14 поени во јануари на 17,4 поени, што е највисока вредност од јуни 2008 година.
Расположението на германските потрошувачи веројатно нема значително да се подобри во блиска иднина, се заклучува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

Волстрит ги чека новите одлуки на ФЕД: Индексите паѓаат, инфлацијата сè уште ги загрижува инвеститорите

BiznisPRO

Падна цената на нафтата

BiznisPRO

Доларот зајакна петта недела по ред: Се појасно е дека ФЕД нема да брза со намалување на каматните стапки

BiznisPRO