Доларот зајакна петта недела по ред: Се појасно е дека ФЕД нема да брза со намалување на каматните стапки

Вр Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,15 отсто на 104,26 поени.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени.

Јакнењето на доларот петта недела по ред уследи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година.

Извештајот, објавен во вторникот, покажа дека во јануари потрошувачките цени пораснале за 0,3 отсто на месечно и 3,1 отсто на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Производните цени и во јануари пораснаа повеќе од очекуваното, што покажува дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена.

На крајот на минатата година, доларот беше под притисок бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослабне и дека како резултат на тоа ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.

Но, со оглед на тоа што инфлацијата сè уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, пазарот повеќе не зборува за намалување во март, а по извештајот за потрошувачките цени, шпекулациите за намалување на каматните стапки во мај стивнаа.

Пазарот на пари сега проценува дека шансите за намалување на стапката на ФЕД во мај се помали од 50 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

ЦЕНИТЕ СКОКААТ ВО ОМИЛЕНОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Еве што треба да знаете ако одите таму на море

BiznisPRO

Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

BiznisPRO

Дали денес треба да се посети менувачница – Курсна листа за 16-ти април

BiznisPRO