Тунис / фото Бизниспро

ЦЕНИТЕ СКОКААТ ВО ОМИЛЕНОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Еве што треба да знаете ако одите таму на море

Тунис денеска ги зголеми цените на водата за пиење до 16 отсто како одговор на петгодишната суша.

Цената на водата ќе биде непроменета за малите потрошувачи. Најголемо поскапување има кај оние чија потрошувачка е поголема од 150 кубни метри, како и кај туристичките капацитети за кои цената на метар кубен се зголемила за 16 отсто. Оние кои трошат од 70 до 100 метри кубни вода квартално ќе платат 13,7 отсто, додека за потрошувачите на вода од 40 до 70 метри кубни ќе бидат повисоки за околу 12 отсто.

По неколку години суша, просечните врнежи се зголемија во последните месеци, но владините претставници оваа недела проценија дека браните во Тунис достигнале само 35 отсто од нивниот капацитет. Минатата година оваа северноафриканска земја воведе систем на квоти за вода за пиење и забрана за нејзина употреба во земјоделството, а од минатото лето го прекинува снабдувањето со вода во ноќните часови.

Можеби ќе ве интересира...

Рецесија на повидок: Г7 не прифаќа рубљи, Путин на потег

BiznisPRO

Шефот на Фолксваген предвидува дека војната ќе биде полоша за европската економија од пандемија

BiznisPRO

ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА Амазон во аквизиција тешка 8,5 милијарди долари

BiznisPRO