„Имаат пари, но немаат пристап“: ММФ предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон таа земја, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Санкциите доста остро влијаат на руската економија. Да очекуваме длабока рецесија во Русија. Можам да кажам дека тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не се смета за неверојатен настан. Таа земја има пари да го сервисира долгот, но нема пристап до него – изјави таа за телевизијата CBS.

Георгиева рече и дека ММФ не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија.

Меѓу можните последици од украинската криза, првиот човек на ММФ ги спомена гладот ​​во Африка, поскапувањето на енергијата, ѓубривата и металите, како и зголемената инфлација.

„Зборуваме за САД и за земјите во развој како Мексико и Бразил“, додаде таа.

– Одвоивме 1,4 милијарди долари за итно финансирање на Украина со отворање посебна сметка кај ММФ. Постигнат е договор со украинската влада и никој друг нема да има пристап до овие пари – објасни Георгиева.

Можеби ќе ве интересира...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Бизнис про

Идеална можност за дополнителен приход: „Mini jobs“ се сè попопуларни и добро платени

Бизнис про

Еве кој ќе може да добие пасош: Германската влада го одобри законот за двојно државјанство

Бизнис про