Повторно кочница: Еве на што реши Германија да заштеди

Имено, Бундестагот во петокот го усвои буџетот за оваа година по долгогодишна борба на партиите од владејачката коалиција. Буџетот предвидува расходи од 476,8 милијарди евра и нови задолжувања, засега околу 39 милијарди.

Доколку вака остане, повторно ќе се примени кочницата за задолжување, за прв пат од избувнувањето на пандемијата. Кочницата е уставен инструмент кој спречува прекумерно задолжување, но може да биде суспендиран во случај на вонредни околности како што се глобална зараза и енергетска криза предизвикана од рускиот напад врз Украина.

Буџетот за 2024 година беше голем предизвик за владејачката коалиција.

Уставниот суд есента ја прогласи за неуставна одлуката на Владата за префрлање на десетици милијарди евра од Фондот за помош на стопанството и граѓаните за време на пандемијата на Фондот за трансформација на економијата. Пресудата направи голема дупка во јавните финансии.

Владејачките социјалдемократи (СПД), Зелените и либералите (ФДП) се согласија за програма за штедење која вклучува, на пример, повисок данок на комерцијалните авионски билети и постепено укинување на субвенциите за дизелот за земјоделците

Субвенциите за електрични автомобили завршија минатата година. Владата договори и построги правила за социјалните бенефиции.

Сепак, опозицијата обвинува дека власта не штеди доволно.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) особено ја критикуваше владата за нејзините разговори за штедење, но таа, наводно, продолжува да живее над своите можности. Владата сака да потроши значително повеќе пари отколку пред пандемијата, истакнуваат демохристијаните.

Министерот за финансии Кристијан Линднер го бранеше буџетот. Тој се пофали, како што рече, со рекордни инвестиции од 70,5 милијарди евра – на пример, во железница, патишта и друга инфраструктура. Во исто време се намалуваат даноците за населението, рече Линднер.

Буџетот за одбрана е околу 52 милијарди евра, не сметајќи ги милијардите од специјалниот фонд за Бундесверот.

Најголема заштеда во однос на претходната година има Министерството за здравство бидејќи се елиминирани бројните трошоци од времето на пандемијата.

Можеби ќе ве интересира...

Истражувањето даде резултати: Ова е денот во неделата кога сме најмалку продуктивни на работа

BiznisPRO

Кина инвестира огромни пари во индустријата за чипови

BiznisPRO

Корпоративните одбори повеќе не се само за извршни директори „Назначувањето жена за шеф може да ја зголеми цената на акциите на компанијата“

BiznisPRO