Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, август 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно ниво и за 4.1 % на годишно ниво.

Во август 2024, во споредба со јули 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.3 %, Трајни производи за широка потрошувачи за 0.7 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.

Во август 2024, во споредба со август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12.1 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Трајни производи за широка потрошувачи за 4.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

BiznisPRO

Одмор или реновирање? Сега не мора да бирате

BiznisPRO

Ова се сите производи кои ќе бидат намалени со есенската кошничка

BiznisPRO