Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а повисоки за 5.3 % на годишно ниво.

Во декември 2024, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Енергија за 0.9 %.

Во декември 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12.9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 % и Трајни производи за широка потрошувачи за 2.9 %.

Можеби ќе ве интересира...

Во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари

BiznisPRO

Слободни работни места, трето тримесечје 2025 година

BiznisPRO

Зошто е потребна посебна полиса за осигурување на имот покрај хипотекарната полиса?

BiznisPRO