Слободни работни места, трето тримесечје 2025 година

Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања.

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.22 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.70 %.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

BiznisPRO

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат – неизвесноста на пазарите ја намалува побарувачката

BiznisPRO

„Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW“

BiznisPRO