Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 1.6 %, а на годишно ниво за 7.3 %.

Во јануари 2025, во споредба со декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.7 %.

Во јануари 2025, во споредба со јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.9%.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е кога ќе бидат исплатени октомвриските пензии

BiznisPRO

Курсна листа за 11 март 2025

BiznisPRO

Во декември: Годишен раст од 12,4% на вкупните депозити и од 11,2% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO