Индекси на прометот во индустријата, декември 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 89.0.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 87.2, додека во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 89.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 103.4, додека во периодот јануари-декември 2024 година, во однос на периодот јануари-декември 2023 година, изнесува 98.0.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 85.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, опаѓање бележи кај Капитални производи за 26.4 %, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 82.6, додека во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 86.2.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП: Нова можност за издавање на код за идентификација за интегрирана наплата

BiznisPRO

Јавен повик за кофинасирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

BiznisPRO

МАСВА: За унапредување на кружната економија и креирање на одржлив систем за управување со отпад неопходна е поголема соработка меѓу приватниот и јавниот сектор 

BiznisPRO