Индустриското производство во септември 2025 година е зголемено за 2.7 % во однос на септември 2024 година

ндустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и Капитални производи за 3.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, е зголемено за 2.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

BiznisPRO

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO

Исплатата веќе започна: Работниците добиваат над 18.000 денари – но не сите!

BiznisPRO