Инфлацијата во Австрија најниска во последните две години

Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Австрија во февруари паднала на 4,3 отсто, објави австрискиот завод за статистика.

„Тоа е најниската стапка на инфлација од декември 2021 година, при што цените на храната моментално влијаат на инфлацијата многу помалку отколку пред една година“, рече извршниот директор на Статистика Австрија, Тобијас Томас.

Тој наведе дека цените на горивата останале на исто ниво како лани, додека цените на енергенсите за домаќинствата растат со побавно темпо поради ефектот на високата основа од февруари 2023 година.

Се проценува дека потрошувачките цени во февруари се зголемени за 0,7 отсто месечно, се заклучува во соопштението на Статистик Австрија.

Можеби ќе ве интересира...

ЕУ подготвува драстични мерки

BiznisPRO

Кафулињата и рестораните масовно се затвораат: „Туку што започна“

BiznisPRO

Цените на златото нагло скокнаа, нафтата најскапа во последните 7 години

BiznisPRO