Кафулињата и рестораните масовно се затвораат: „Туку што започна“

Кризата ги затвора рестораните и кафулињата во Германија – продолжуваат тешките времиња за германските ресторани.

Од првата пандемија во 2020 година, околу 48.000 компании се затворени, а 6.100 банкротирале, според студијата на агенцијата Kreditreform.

Експертите очекуваат продолжување на лошиот тренд.

„Бранот само што започна“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, водач за истражување на агенцијата, пренесува dpa.

Само минатата година секој десетти претприемач во гастрономијата се откажал од работата. Затворени се 14.000 локали, што е повеќе од претходните три години.

Слично е и со банкротите, кои во 2023 година биле за 27 отсто повеќе, според податоците на Kreditreform, повеќе отколку во економијата во целина.

Најголем дел од малите фирми, со до 10 вработени биле несолвентни – 88 отсто од сите.

Ханч вели дека една од причините е владината помош за време на карантинот. Субвенциите обезбедија опстанок на многу компании и првично спречија затворање на бизниси.

„Угостителството е еден од главните губитници во низата кризи во последниве години“, рече Ханч, објаснувајќи дека индустријата сè уште не закрепнала од пандемиската криза, а потоа стигна и ударот на инфлацијата.

Дополнително, во средината на 2020 година, Владата привремено го намали ДДВ-то за угостителите, од 19 на седум проценти. Сепак, од јануари, редовните стапки се враќаат на сила.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата пааднаа под 82 долари

BiznisPRO

Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни давачки

BiznisPRO

Пред неколку дена Nvidia стана најтргувана акција на Волстрит

BiznisPRO