Инфлацијата во февруари за 0,4 насто повисока во однос на месец јануари

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 0.4 %.

Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 1.6 %, разновидни стоки и услуги за 0.8 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, здравје за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %.
Во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: облека и обувки за 0.3 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во февруари 2024 година во однос на јануари 2024 година изнесува 100.3.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Visa назначува нови лидери за регионот CISSEE

BiznisPRO

РКЕ СО ОДЛУКА: Нова цена на горивата

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO