„Инстаграм“ се врати по 9 часа, компанијата се извини за проблемот

Некои корисници на „Инстаграм“ во текот на вчерашниот ден пријавиле дека не можат да се поврзат со своите профили на социјалната мрежа.

Добивај вести на вибер
Од „Инстаграм“ соопштија дека ја поправиле грешката.

Тие се огласија на „Твитер“ за да објават дека го решиле проблемот.

„Решивме грешка што предизвика проблеми со пристапот до профилите ширум светот. Грешката исто така предизвика некои луѓе привремено да го променат бројот на следачи. Се извинуваме,“ твитна копанијата.

Глобалниот прекин предизвика голем број корисници да пријават дека нивните профили се деактивирани со порака: „Го суспендиравме вашиот профил“. На некои корисници им бил привремено оневозможен пристап до нивните профили како последица на прекинот.

Еден корисник рече дека софтверот го побарал неговиот мејл и телефонскиот број пред да му го врати деактивираниот профил на интернет.

Можеби ќе ве интересира...

Повеќето инфлуенсери го прекршуваат правото на ЕУ

BiznisPRO

Кинески електричен авион го направи првиот лет (ВИДЕО)

BiznisPRO

Приходите на Sony се рекордно високи

BiznisPRO