Амазон се повлекува од договорот вреден 1,3 милијарди евра

Денес, Амазон се откажа од планираното купување на околу 1,3 милијарди евра акции во компанијата iRobot, производителот на роботски правосмукалки Rumba.

Како резултат на тоа, производителот Румба планира да отпушти 31 отсто од работната сила, односно 350 вработени, вклучувајќи го и извршниот директор, објави Гардијан.

Амазон соопшти дека се повлекува поради противењето на Европската унија на таков договор

Компанијата за е-трговија ќе плати казна од 94 милиони долари на iRobot.

Волстрит журнал на 18 јануари објави дека извршното тело на Европската унија се подготвува да го блокира договорот, за што Амазон го информираше.

Двете компании во заедничката изјава рекоа дека „преземањето на компанијата нема одобрение од Европската унија, што ги спречува Amazon и iRobot да напредуваат заедно“.

Генералниот советник на Амазон, Дејвид Заполски, изјави дека „неоправданите и непропорционални регулаторни пречки ги обесхрабруваат претприемачите, што им штети и на потрошувачите и на конкуренцијата, а тоа е токму она што регулаторите треба да го заштитат“.

Во ноември, Европската комисија официјално изрази загриженост за споменатиот договор, објаснувајќи дека тој може да ја ограничи конкуренцијата на пазарот на роботски правосмукалки. Загриженоста на комисијата беше дека Amazon може да ја намали видливоста на конкурентските правосмукалки на својата онлајн платформа за малопродажба.

Амазон објави договор во август 2022 година, бидејќи се обидува да ја прошири својата понуда на опрема за „паметен дом“. Британскиот регулатор за конкуренција го одобри преземањето во јуни минатата година, што не го направи американската Федерална комисија за трговија. Одредени американски организации тврдеа дека договорот „ќе ја загрози фер конкуренцијата и отворените пазари, како и приватноста на потрошувачите“.

Можеби ќе ве интересира...

Најстариот ланец од ваков тип во Европа конечно пристигнува и во Македонија

BiznisPRO

Паѓа вредноста на доларот

BiznisPRO

Изгуби вртоглава сума: Руски милијардер не знае како да живее под санкциите

BiznisPRO