Најстариот ланец од ваков тип во Европа конечно пристигнува и во Македонија

Германскиот ланец на аптеки планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија.

Компанијата Росман бележи позитивни деловни резултати на сите европски пазари.

Во 2022 година, Росман постигна рекорден раст на продажбата од 12,5 милијарди евра.

Росман неодамна објави дека има воспоставено соработка со групацијата ASPIAG (Spar Austria) и дека асортиманот на Rosman ќе биде достапен во продавниците на Spar во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија. Најавена е и соработка со кинески синџир супермаркети.

Проширување на малопродажната мрежа
Росман неодамна беше присутен во Азербејџан преку партнерски и франшизен бизнис систем.

Според германскиот WIRTSCHAFTSFORUM, Росман планира да се прошири на Балканот и да влезе на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија.

Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа. Првиот објект е отворен во Германија во 1972 година. Компанијата работи на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработува 60.000 работници.

Можеби ќе ве интересира...

Прогнози на САД: Седум намирници чии цени најмногу ќе пораснат до крајот на годината

BiznisPRO

Ново поскапување: Овие цени на горивата ќе важат од полноќ

BiznisPRO

УЈП ОБЈАВИ НОВА ЛИСТА СО ИМИЊА НА ФИРМИ И ЛУЃЕ КОИ ДОЛЖАТ ДАНОК – Еве кој се должи кон државата

BiznisPRO