Приходите на Sony се рекордно високи

Јапонскиот технолошки гигант Sony денеска објави резултати за периодот од октомври до декември 2023 година кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Сепак, ги намали и очекувањата за продажба за нејзината главна конзола, PlayStation 5.

Приходите на Sony од октомври до декември 2023 година изнесуваат рекордни 3,75 трилиони јапонски јени, односно 24,9 милијарди долари, што е значително повисоко од очекувањата на аналитичарите на LSEG кои предвидуваа 3,58 трилиони јени, пренесува CNN.Si (CNBC).

Оперативната добивка на Sony за споменатиот квартал е 463,3 милијарди јени, додека LSEG очекуваше значително помалку, 428,4 милијарди јени. Тековната фискална година на Sony завршува на 31 март, а јапонската фирма сега очекува да продаде 21 милион од своите конзоли за видео игри PlayStation 5 (PS5) во споменатиот годишен период.

Sony претходно најави дека ќе продаде 25 милиони PS5 конзоли во тековната фискална година. Јапонската компанија продаде 8,2 милиони PS5 конзоли од октомври до декември 2023 година и вкупно 16,4 милиони PS5 конзоли во тековната фискална година.

Можеби ќе ве интересира...

Полноќен мејл на Илон Маск до вработените: Секој што нема да кликне на линкот добива отказ

BiznisPRO

Нетфликс планира големи работи: ги воодушевија своите фанови со една објава

BiznisPRO

Нова ситуација на берзата Binance: Биткоинот скокна за 5 отсто на над 25.000 евра

BiznisPRO