Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел, вели МТСП

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, велат од МТСП.

Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем остануваат врвен приоритет на Министерството.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ со одлука – поевтинуваат горивата

BiznisPRO

Нето надворешниот долг на Македонија е зголемен за 109 милиони евра

BiznisPRO

„Finance Talks“ 2024: Поголема транспарентност, намалување на корупцијата и одржлив развој преку воведување на ЕСГ стандардите

BiznisPRO