Исплатата на пензиите тргна предвреме: Халкбанк веќе ги исплати парите на сметките на пензионерите

Соопштение на Халкбанк:

Почитувани пензионери,

Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки e извршена денес 31.10.2024 и средствата Ви се на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.

Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.

Важни се луѓето,
Халкбанк АД Скопје

Можеби ќе ве интересира...

Банка по грешка му платила на клиентот 81 милијарда наместо 280 долари!

BiznisPRO

Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција: Стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција

BiznisPRO

Детското штедење Халки ја поттикнува вредната навика да се мисли на иднината

BiznisPRO