Израел со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки

Минатата година израелската економија имаше најбрз раст во последните 21 година, објави Централното биро за статистика на оваа земја.

Посочено е дека потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус.

Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе биде 6,5 отсто. Заводот за статистика заклучи дека Израел е меѓу оние земји кои имале најголем економски раст во светот. Просечната стапка на раст во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесуваше 5,3 отсто.

Централната банка на Израел проценува дека овогодинешниот економски раст ќе биде 5,5 отсто. Најверојатно каматната стапка ќе биде повисока и во оваа земја, како одговор на инфлацијата. За тоа се одлучија САД и европските земји.

Израел, како и многу други земји, е тешко погоден од пандемијата на коронавирус. Сепак, тој успеа да ја оживее својата економија преку ефективен процес на вакцинација.

Можеби ќе ве интересира...

Работниците во Германија очекуваат војната да ги погоди нивните компании

BiznisPRO

Полноќен мејл на Илон Маск до вработените: Секој што нема да кликне на линкот добива отказ

BiznisPRO

Се ослободува од акциите и инвестира во нови сектори: Одлуките на Гејтс се сигнал за пазарна криза

BiznisPRO