ТОКСИЧЕН РАСТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Секој долар од растот на БДП платен со долг од два и пол долари

Во четвртиот квартал од 2023 година, американскиот БДП порасна за 3,2 отсто, што е нешто пониско од планираните 3,3 отсто.

Во бројки, номиналниот БДП (оној што не ги одразува разликите во трошоците за живот и стапките на инфлација) се зголеми од 27,64 трилиони долари во третиот квартал на 27,94 трилиони долари во четвртиот квартал, или американската економија порасна околу 334,5 милијарди долари.

Што доведе до овој раст? Долг, и многу долг, велат од „Зирохеџ“.

Според податоците на Министерството за финансии на САД, на крајот на декември 2023 година долгот изнесувал 34 трилиони долари (34 илјади милијарди долари).

Со други зборови, растот на американската економија од 334,5 милијарди долари чинеше 834,2 милијарди долари долг или точно два и пол долари долг за секој долар „раст“ на БДП.

Можеби ќе ве интересира...

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %

BiznisPRO

(ВИДЕО) За 38.000 евра 72 квадрати ЧИСТ ЛУКСУЗ: Овој стан се продава и не е далеку од нас

BiznisPRO

Мекдоналдс изгуби уште еден случај

BiznisPRO