• ноември 1, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Извозот и конкуренцијата

Извозот и конкуренцијата

Пишува: Пеева-Ѓуриќ, Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување во Стопанската комора на Северна Македонија

Концептот на Комора на иднината меѓу другото има зацртано да креира активности во насока на „корекција“ на системските слабости но и на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија. И во овој случај кризата не преставува пречка за креирање активности кои се во функција на поддршка на извозот и помош на компаниите да излезат на пазарите во регионот но и пошироко.

Според анализите на Комората, во земјата има помалку од 3.000 постојни извозни компании што е околу 4% од активните деловни субјекти во националната економија. Од аспект на бројот на производи, со вредност поголема од 500.000 евра извезуваме помалку од 500 производи или 10% (од можни повеќе од 5.200 производи кои се предмет на меѓународна трговија) од кои најголем дел се базични метали, примарни земјоделски производи, производи од текстил и облека што ја потврдува констатацијата дека извезуваме производи со низок степен на финализација и ниско ниво на додадена вредност. Од аспект на извозните пазари на кои се пласираат македонски производи, извозот во Германија надминува 46% од вкупниот извоз на земјата, додека првите 5 извозни пазари имаат 64% релативно учество во вкупниот извоз, при што, нашата земја извезува со вредност поголема од 1 милион евра во само 58 земји во светот.

Практиката покажува дека постои значителен јаз во системот, бидејќи дел од компаниите од преработувачката индустрија кои имаат извозен потенцијал сé уште не се подготвени за извоз. Интегрирање на информации за промоција на извозот за претпријатијата, особено МСП кои размислуваат за извоз или започнале процес на извоз, бараат добар извор на информации за пазарите на ЕУ и Западен Балкан, а многу извозни информации не се достапни, тие често пати се фрагментирани и потребно е време и значителен ангажман за да се дојде до нив.

Целта на Стопанската комора на Северна Македонија е долгорочно да се поддржи индустрискиот развој преку зголемување на конкурентноста, развој на нови производи, зајакнување на темелите на преработувачката индустрија и стимулирање на нејзиниот извоз. Советот за унапредување на индустриското производство и извоз при Комората чија улога е повеќе „советодавна“, отколку извршна, стратегиските правци и активности ги одредува преку: Клубот на извозници, Асоцијацијата за напредно технолошко производство и Советот на странски инвеститори.

Мерките и активностите на Советот и неговите тела во дел се насочуваат кон компаниите кои имаат почетни обиди за извоз, за да им се помогне да изградат капацитети за зајакнување на конкурентноста и дефинирање на нивната палета на производи за извоз, но и кон компаниите кои се веќе извозно ориентирани, преку мерки за освојување нови пазари со постојните производи, но и развој на капацитетите за подобрување на квалитативната вредност на извозниот производ, нивна промоција и препознатливост.

Со цел поттикнување на индустријализацијата и стимулирање на растот и развојот на преработувачката индустрија, фокусот на Комората преку Советот за унапредување на индустриското производство и извозот и во наредниот период ќе биде насочен во поддршка на компаниите во производство на производи со поголема додадена вредност преку автоматизација и дигитализација на производството и бизнис процесите. Исто така, акцент ќе има и на зголемување на деловната и технолошката софистицираност на локалните добавувачи, нивно помагање во воспоставувањето на врски со странските директни инвеститори присутни во земјата.

Комората на иднината континуирано, следејќи ги потребите на фирмите и ставајќи се во нивна функција ќе креира и други услуги доколку пазарот тоа го бара. Се што е во функција на подигнување на конкурентноста на бизнисот е приоритет и за Комората како поле на дејствување. Затоа што ние сме Комора на иднината – консултант на бизнисот.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…