фото Бизниспро

Јајцата прескапи за Американците, луѓето почнуваат да изнајмуваат кокошки

Како што јавија америкаснките медиуми, цените на јајцата во Соединетите Американски Држави го продолжија својот нагорен тренд во јануари, при што едно пакување од десет во просек чини околу пет долари, а некаде достигнува и 10 американски долари.

ПОскапувањето дојде пред се заради птичјиот грип и уништувањето на милиони кокошки.

Во САД цените на јајцата растат со месеци и нема знаци дека овој тренд наскоро ќе престане, принудувајќи ги обичните луѓе да бараат алтернативи.

Golem broj фарми добиваат сè повеќе нарачки за купување кокошки, според CBS News. „Продажбата драстично се зголеми кај сите одгледувачи“, вели еден од нив, Рон Голдсмит.

Голдсмит, кој исто така произведува сточна храна за пилешко, вели дека продажбата на добиточна храна е двојно зголемена од октомври. „Секоја недела веројатно продаваме 50 проценти повеќе од минатата“, додава Голдсмит.

Верувале или не – Концепт за изнајмување на кокошки
Фирми кои се специјализирани за оваа единствена услуга на клиентите им обезбедуваат се што им е потребно за да започнат сопствено производство на јајца.

Пакетот вклучува неколку кокошки, мал кокошарник, добиточна храна и консултантски услуги.

Па така периодот на изнајмување варира – од неколку месеци до повеќегодишни аранжмани, пишуваат медиумите.

Според податоците здрава кокошка може да носи до пет јајца неделно и овој тип на чување на кокошки станува интересна инвестиција.

Можеби ќе ве интересира...

Руските банки успеваат да го користат меѓународниот платен сообраќај и покрај санкциите

BiznisPRO

Платата за пракса во компании станува стандард во ЕУ?

BiznisPRO

Најголем пад на стандардот во Германија од Втората светска војна

BiznisPRO