Ова е најатрактивната европска земја за странските инвеститори

Странски пари биле искористени за финансирање на 1.194 проекти во Франција минатата година, според новото истражување за атрактивност објавено од Ernst & Young (EY).

Ова претставува годишен пад од пет проценти, но сепак ја позиционира Франција како најпосакувана земја во Европа за странските инвеститори.

Инвестициските проекти минатата година паднаа за четири отсто низ Европа, додека Велика Британија и Германија забележаа пад од шест отсто, односно 12 отсто.

ОК беше дом на 985 проекти финансирани со странски директни инвестиции (СДИ) во 2023 година, додека Германија забележа вкупно 733.

Големата тројка – Франција, Германија и Велика Британија – привлекоа повеќе од 51 отсто од СДИ на континентот.

Зошто Франција е магнет за инвестиции?
– Неодамнешните перформанси на Франција во голема мера се резултат на последователни бранови реформи, кои се забрзаа во последните десет години – се наведува во извештајот на EY.

Помеѓу другите регулативи, особено беа истакнати промените во трудовото законодавство и воведувањето на законот PACTE во 2019 година, со цел да се олесни основањето компании во Франција.

– Вештините, инфраструктурата и пазарот се основата на атрактивноста на Франција, додава EY.

– И покрај критиките околу сложеноста на административниот систем, француската правна и регулаторна средина веќе не е големо ограничување, додаваат тие.

Кога францускиот претседател Емануел Макрон ја презеде функцијата во 2017 година, едно од неговите главни ветувања беше да ја ревитализира економијата на земјата преку деловни иницијативи.

Седум години подоцна, владата во Париз ги слави резултатите од извештајот на EY.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер на Твитер напиша: „Ние сме решени да продолжиме на овој пат со големите економски проекти што следуваат како што се поедноставување на деловните процеси, реформа на бенефициите за невработеност и иницијативи за зголемување на финансиската привлечност на Париз“.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Највисока ценовна војна во последните две децении: Турција го намалува ДДВ за да се бори против инфлацијата

BiznisPRO

Повторно е на врвот

BiznisPRO