Кинеската компанија го фаќа чекорот со „Тесла“ во однос на продажбата на електрични автомобили

Кинеската компанија BYD се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили (EV), а според прогнозите на Bloomberg, Tesla би можела да го загуби своето водство веќе во тековниот квартал.

Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека јазот меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помал во 2024 година.

Според таа прогноза, приходите на Tesla од продажбата на електрични автомобили ќе бидат 114 милијарди долари во 2024 година, а приходите на BYD ќе бидат 112 милијарди долари.

Владимир Попов, претседател на руската групација на компании Favorite Motors, смета дека BYD има многу реални шанси да го престигне Тесла, пренесува Комерсант.

– Односот цена-квалитет јасно зборува во корист на Кина. Ниту една компанија не може да има таков обем на производство како производители во таа азиска земја – тврди Попов.

Според него, клучните предности на Кина се огромниот домашен пазар, кој е силно поддржан од државата и големите инвестиции во таканаречените гигафабрики за производство на батерии за електрични автомобили.

– Нереално е да се натпреварува со кинеските производители на електрични возила – заклучи Попов.

Можеби ќе ве интересира...

Омилениот бренд на Македонците под истрага

BiznisPRO

Бил Гејтс ги предупредува инвеститорите во биткоин: „Ако не сте на листата на Форбс, внимавајте“

BiznisPRO

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

BiznisPRO