Ќе го соборат ли рекордот: Цените на шеќерот во светот повторно пораснаа

Светските цени на шеќерот денеска повторно пораснаа на ниво што е блиску до дванаесетгодишен рекорд.

Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE, фјучерси на шеќер вчера во 16:34 часот се продаваа по цена од 26,8 центи за 0,453 килограми шеќер.

Цените, се додава, беа на својот врв на 19 септември кога надминаа 27,5 центи за истото количество шеќер, а трговците се загрижени поради побавната обработка на шеќерната трска во Бразил, како и актуелната суша во некои индиски региони поради климатскиот феномен Ел Нињо.

Доколку сушата во Индија продолжи, владата во Њу Делхи може да го ограничи извозот на шеќер од земјата, пишува Телеграф.

Потсетуваме дека Ел Нињо е океански феномен кој се јавува како резултат на флуктуации на правците на ветерот и температурата на водата во тропскиот дел на Тихиот Океан.

Можеби ќе ве интересира...

„Бадвајзер“ подарува илјадници лименки пиво поради забраната за послужување алкохол на Светското првенство во Катар

BiznisPRO

Инфлацијата во Турција скокна на 61,14 отсто во март

BiznisPRO

За еден долар за барел: Пад на цените на нафтата, инвеститорите претпазливи

BiznisPRO