Ќе има ли ценовен шок? – Завршува мерката “гарантирана цена”

Мерката “Гарантирана цена” завршува денеска, а од утре маркетите ќе може слободно да ги формираат цените на основните продукти.

Токму поради ова се јави и страв кај граѓаните од можно големо поскапување на основните продукти.

Сепак Државниот пазарен инспекторат денеска најави засилени контроли со цел да се спречи драстично зголемување на цените на основните производи.

Граѓаните кои ги анкетиравме се жалат дека трговците прават профит на грбот на обичниот народ, со оглед дека цените на основните производи во Македонија се поскапи до соседните земји.

Некои од граѓаните од пограничните места велат дека пазаруваат и поквалитетни и поевтини производи од соседните земји, особено во маркетите на Лидл во Грција и Србија.

Актуелната ситуација со високите цени на храната беше најавено дека ќе се амортизира со Законот за нефер трговски практики, кој засега е во Собраниска процедура и се уште не се знае дали ќе биде изгласан во овој собраниски состав, имајќи ги во предвид скорешните избори.

Можеби ќе ве интересира...

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

BiznisPRO

ИМА ОДЛУКА ЗА ГОРИВАТА: Ново намалување на цените на бензините, но лоши вести за оние кои возат на дизел – еве ги новите цени

BiznisPRO

30-годишниот јубилеј на монетарната самостојност одбележан и со публикацијата: „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“

BiznisPRO