ИМА ОДЛУКА ЗА ГОРИВАТА: Ново намалување на цените на бензините, но лоши вести за оние кои возат на дизел – еве ги новите цени

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска на Конференција на Централна банка на Белгија: Независноста на централните банки и макроекономската стабилност се меѓусебно условени

BiznisPRO

Порасна цената на нафтата на меѓународниот пазар

BiznisPRO

ЕВН со нова фотонапонска централа во Пробиштип

BiznisPRO