Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска објави дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие се искачија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија. Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, а се проценува дека тие ја чинат австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати, бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Потрошувачката на вино во Кина драстично е намалена во последните години, а аналитичарите предупредуваат дека извозот најверојатно нема да се врати на претходното ниво дури и по укинување на царините.

Пекинг се согласи да ја разгледа одлуката за тарифите за вино во замена Австралија да се откаже од жалбата до Светската трговска организација, пренесува ABC News.

Можеби ќе ве интересира...

Крај по 100 години: Една од најстарите авиокомпании оди во заборав

BiznisPRO

Инфлацијата во Унгарија падна

BiznisPRO

ЕУ подготвува драстични мерки

BiznisPRO