Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска објави дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие се искачија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија. Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, а се проценува дека тие ја чинат австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати, бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Потрошувачката на вино во Кина драстично е намалена во последните години, а аналитичарите предупредуваат дека извозот најверојатно нема да се врати на претходното ниво дури и по укинување на царините.

Пекинг се согласи да ја разгледа одлуката за тарифите за вино во замена Австралија да се откаже од жалбата до Светската трговска организација, пренесува ABC News.

Можеби ќе ве интересира...

Нови правила за изнајмување стан преку познатата онлајн платформа

BiznisPRO

Американ ерлајнс купува 260 нови авиони од Боинг, Ербас и Ембраер поради зголемената побарувачка

BiznisPRO

Маск отпушти 10 отсто од работната сила: Намалено производството на евтини електрични возила

BiznisPRO