Кина поднесе жалба поради канадските царини за електрични возила

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Пекинг смета дека царините за кинеските ЕВ и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска.

Канада најави воведување увозни давачки од 100 отсто за електрични возила од Кина и царини од 25 отсто за челик и алуминиум, а овие мерки стапија на сила на 1 октомври.

Владата во Отава би можела да им понуди на домашните компании олеснување од дополнителните царини од 25 отсто, изјави вчера канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд.

Можеби ќе ве интересира...

Годишниот нето профит на BMW ќе падне за 37 проценти во 2024 година поради зголемената конкуренција

BiznisPRO

Гигантот Фолксфаген живее тешки денови

BiznisPRO

Запрена државната помош за компанијата e.GO

BiznisPRO