Комората на трговци повикува на соработка за унапредување на секторот трговија

Стопанската комора на трговци на големо и мало, претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, упатува апел за соработка, до сите засегнати страни, со цел изнаоѓање трајни решенија, за предизвиците во секторот трговија.

Комората има за цел, да гради партнерски однос со сите институции,во интерес на заеднички бенефит,наместо да биде поставена во позиција на конфронтација.
Како регистриран правен субјект, Комората ги застапува интересите на стопанските субјекти, кои претставуваат двигател на економијата.

Преку своето работење, Комората на своите членки им овозможува:
-Пристап до релевантни иформации, едукации и правни совети,
-Учество на саеми и настани,
-Можности за финансирање,
– Поддршка во унапредување на регулативата во секторот.

Во фокусот на нашата работа е подобрување на законската регулатива, особено во делот на економските и правните спорови, како и спроведување на Законот за заштита од нефер трговски практики, кој треба да придонесе за стабилизирање на цените и избегнување на прекумерни казни за трговците,дистрибутерите и производителите.
Комората, како силен партнер во создавање стабилна деловна средина,со 56 основачи- претставници на мали и средни компании, локални маркети и дистрибутери од сите градови во државата, ќе игра клучна улога во создавањето на фер и стабилна деловна средина, заштитувајќи ги интересите на сите учесници во трговијата со прехранбени и сродни производи.

Комората е активен учесник во креирањето на економските политики и е партнер во дијалогот со Владата,институциите и сите засегнати страни.
Ние, внимателно ги следиме актуелните состојби и пазарните динамики.Загрижени сме од перцепцијата која се создава во јавноста, дека нашето работење е во конфликт со Владата и државните институции.Ова, сакаме јасно да го демантираме – ние не водиме „војна“, туку повикуваме на партнерство и конструктивен дијалог, за наоѓање соодветни решенија, кои ќе ги минимизираат ризиците и ќе помогнат во надминување на идните предизвици.

Членките на Комората, претставуваат значајна сила во секторот трговија и дистрибуција, со:
-86 трговски фирми
-близу 1000 продавници
– над 8000 вработени.

Нашата улога ќе биде да обезбедиме стабилна деловна средина и фер односи за сите учесници во секторот трговија со прехранбени и непрехранбени производи.
Во оваа насока, ги повикуваме сите засегнати страни – институции,организации и стопански субјекти – на дијалог и соработка, со цел заедничко унапредување на условите за работа во трговијата, велат од комората.

Можеби ќе ве интересира...

Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност

BiznisPRO

Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари

BiznisPRO

Дали треба да се посети менувачница во четврток? Курсна листа за 25 октомври 2024

BiznisPRO