Компанија која исплати дивиденда од 98 милијарди долари

Саудиската нафтена компанија Aramco им подели на акционерите дивиденда од неверојатни 97,8 милијарди долари на име на профит во 2023 година.

Ова е зголемување од 30 проценти во однос на претходната година, иако деловните резултати бележат голем пад.

Котираната групација Арамко, која е во 82 отсто во сопственост на Саудиска Арабија, ќе ја зголеми дивидендата за 30 отсто, иако добивката минатата година падна за 25 отсто.

Оваа компанија лани остварила добивка од 121,3 милијарди долари. Една година претходно забележа најголема добивка досега направена од нафтена компанија – 161 милијарда долари поради скокот на цената на нафтата поради рускиот напад на Украина.

Цената на суровата нафта падна од околу 120 долари во 2022 година на околу 67 долари минатата година и сега е околу 82 долари.

Енергетскиот институт ИЕЕФА процени дека петте големи нафтени компании БП, Шел, Ексон, Шеврон, Ексон Мобил и Тотал годинава ќе исплатат дивиденди повисоки од минатогодишните 104 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Од денес плаќаме поевтин дизел

BiznisPRO

Падна одлука: Ново поскапување на горивата – еве ги новите цени

BiznisPRO

Струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

BiznisPRO