Македонците се’ повеќе одат на гурбет во Хрватска, но непалците и индијците го завзедоа тронот во бројност на издадени работни дозволи

Поради големата потреба на работодавачите и недостатокот на работна сила на домашниот пазар, бројот на странски работници во Хрватска од ден на ден се зголемува, а додека лани најбројни беа оние од БиХ и Србија, од почетокот на оваа година тие биле работници од Непал.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени 32.725 дозволи за престој и работа, од кои најмногу во градежништвото (12.792), потоа туризмот и угостителството. (8.088), индустрија (4.430), транспорт и врски (2.442) и трговија (1.183).

Најголем број дозволи за престој и работа до 29 февруари годинава се издадени на граѓаните на Непал -7.038, потоа на оние од Босна и Херцеговина – 6.039, Индија – 3.469, Србија – 3.317, Филипините – 2.936, Бангладеш – 2.27 Северна Македонија, Косово, Турција и Узбекистан.

Со оглед на тоа што минатата година најбројни странски работници во Хрватска беа оние од Босна и Херцеговина, потоа Србија, Непал и Индија, треба да се напомене дека од почетокот на оваа година Непалците ги надминаа работниците од Босна и Херцеговина, додека Индијците ги надмина Србите.

Што се однесува до дејностите, и лани и на почетокот на годинава најмногу дозволи за престој и работа се издадени во градежништвото и во туризмот и угостителството.

Можеби ќе ве интересира...

Над 90 отсто од домаќинствата имаат пристап на интернет, дури 63,5 отсто од граѓаните купиле стоки или услуги преку интернет

BiznisPRO

Европските и американските берзански индекси во пораст, нафтата, златото и пченицата поскапеа

BiznisPRO

Audi затвора фабрика во срцето на Европа

BiznisPRO