Медиумите го тужеа Google за загуба од 2,1 милијарди евра во дигитално рекламирање

БРИСЕЛ – Повеќе од 30 медиумски куќи, вклучително и Аксел Спрингер и Шибстед, денеска ја тужеа матичната компанија на Google Alphabet за отштета од 2,1 милијарди евра, поради претрпените загуби во врска со практиките на компанијата во дигиталното рекламирање.

Поради тоа, акциите на оваа американска компанија паднаа за повеќе од два отсто.

Медиумските куќи кои го тужеа Гугл се лоцирани во Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Шведска.

Можеби ќе ве интересира...

Маск планира да отпушти три четвртини од вработените на Твитер, се шират документи

BiznisPRO

Еве колку Apple плаќа отштета за намерното забавување на телефоните

BiznisPRO

Отворената вештачка интелигенција ги удвојува приходите

BiznisPRO