Технологија

META ПЛАНИРА ДА СОБЕРЕ ДО 95 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – Нова финансиска офанзива за вештачка интелигенција

Meta објави амбициозна програма за прибирање капитал преку продажба на акции, со можен вкупен износ до 95 милијарди долари. Средствата се наменети за инфраструктура и развој на производи поврзани со вештачка интелигенција.

Почетната фаза вклучува понуди од приближно 35 милијарди долари, а дополнителни 60 милијарди се планирани преку постепено пласирање акции во идниот период. Nvidia, AMD и Broadcom покажале интерес за учество во една од понудите, но тоа не претставува конечна обврска за купување.

Проектот ја покажува големината на капиталот што технолошките гиганти планираат да го вложат во развојот на ВИ, но отвора и прашања за идната исплатливост.