МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата

Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со купување на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанската обврзница е со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка е 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Можеби ќе ве интересира...

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

BiznisPRO

ССК одржа Тркалезна маса на тема „ Одржлива иднина со зелени иновации- важноста на креирање на иновативни образовни центри за развивање на зелени иновациски вештини “

BiznisPRO

Индекси на прометот во индустријата, декември 2024 година

BiznisPRO