Многу Македонци ќе заминат на гурбет во Хрватска, платите пораснаа – Еве колку ќе се движат ова лето

Поради големата потреба на работодавачите и недостатокот на работна сила на домашниот пазар, бројот на странски работници во Хрватска од ден на ден се зголемува, а додека лани најбројни биле оние од БиХ и Србија, од почетокот на оваа година тоа се работниците од Непал.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени 32.725 дозволи за престој и работа, од кои најмногу во градежништвото (12.792), потоа туризмот и угостителството. (8.088), индустрија (4.430), транспорт и врски (2442) и трговија (1183).

Најголем број дозволи за престој и работа до 29 февруари годинава се издадени на граѓаните на Непал – 7.038, потоа на оние од Босна и Херцеговина – 6.039, Индија – 3.469, Србија – 3.317, Филипините – 2.936, Бангладеш – 2,272, како и Северна Македонија, Косово, Турција и Узбекистан.

Што се однесува до дејностите, и лани и на почетокот на годинава најмногу дозволи за престој и работа се издадени во градежништвото и во туризмот и угостителството.

Македонците и оваа година на сезонска работа во Хрватска
Иако не се најбројни, голем е бројот и на Македонци кои и оваа сезона ќе работат во Хрватска. Македонците, според агенциите кои посредуваат, најмногу работат во секторот туризам, како келнери, шанкери, готвачи, пица мајстори…

Главната причина поради која Македонците бараат работа во Хрватска се повисоките плати, кои се движат од 1.000 до 2.500 евра.

Покрај платите, келнерите имаат и добар бакшиш, па така некои заработуваат уште една плата само од бакшиш.

Иако платите во угостителството растат и во Македонија и во некои локали достигнуваат и до 1.000 евра, сепак не можат да се споредат со приходите кои работниците би ги оствариле во Хрватска.

Оваа година повисоки плати на Јадранот
Последните информации кои ги објавуваат хрварските и босанските медиуми се дека платите на Јадранот се покачени оваа сезона, особено за пица мајстори, на кои им се нуди плата од 2.500 евра.

Лошо е што во поголемиот број огласи, тоа подразбира 9 часовно работно време, без слободен ден, а голема е побарувачката и за скара мајстори.

Според последните податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, минатата година на Македонци биле издадени 13.412 работни дозволи. Но, ако се земе во предвид дека голем број работници работат на црно, бројката на македонски работници во Хрватска е многу поголема.

Можеби ќе ве интересира...

Приматели на плата – Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

BiznisPRO

Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

BiznisPRO

Падна индустриското производство во еврозоната

BiznisPRO