На Хрватска и недостигаат најмалку 200.000 работници во сите сфери

На Хрватска во моментов и недостигаат најмалку 200.000 работници во сите економски сфери, објави денеска риека „Нови лист“. Работниците се во позиција на избор како никогаш досега, а работодавците се принудени да се борат ако сакаат да задржат квалитетни работници.

Негативни демографски движења, низок природен прираст и емиграција на населението, главно високообразовани луѓе, се забележани во Хрватска.

Последица на овие трендови е зголемениот увоз на работна сила бидејќи без странски работници многу работни места едноставно би престанале, пренесува Танјуг.

Минатата година во Хрватска се издадени над 172.000 работни дозволи за работници од трети земји, најмногу за Загреб и крајбрежните области, а најбарани работници се градежништвото и туризмот. Потребата од странска работна сила во Хрватска само расте, а така веројатно ќе биде и годинава, велат од Нови лист.

Можеби ќе ве интересира...

„Младите треба да работат 70 часа неделно“

BiznisPRO

Централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO

Банките во Црна Гора во плус од 146 милиони евра

BiznisPRO