„Младите треба да работат 70 часа неделно“

На Индија и требаат „одлучни, исклучително дисциплинирани и вредни“ млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно за да ја направат земјата глобална економска сила.

Ова го изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Марти.

Овој ко-основач на софтверскиот гигант Infosys, кој случајно е свекор на британскиот премиер Риши Сунак, додаде дека Германците и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува CNN.

“Нашата младина превзема од Запад некои навики кои не се толку пожелни и со тоа не и помагаат на земјата. Продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот”, вели Н.Р. Нарајана Марти.

Милијардерот верува дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите луѓе да „работат многу напорно“ со тоа што ќе им кажат дека нивната земја сега за прв пат добива почит на глобално ниво и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.

Според Форбс, Мурти има богатство од над четири милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

Владата го усвои Предлог ребалансот – повеќе пари за зголемени плати, пензии, социјална помош, набавка на лекови, поддршка на компании

BiznisPRO

Петте најбогати го удвоиле своето богатство, 60 отсто од населението уште повеќе осиромашиле

BiznisPRO

Трошоците за час за работна сила во ЕУ се движат од седум до 47 евра

BiznisPRO