Над 800 производи поевтинале за 10 отсто од денеска

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците.

– Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење, велат властите.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите ќе се “офајдат” со нови 2.500 денари покачување на први април, а работниците со најмалку 1800 денари зголемување на минималецот

BiznisPRO

Средба на Ангеловска-Бежоска со Камер: Силниот кредибилитет на Народната банка придонесе за успешно справување со инфлацијата

BiznisPRO

Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка – соработка за стратешките енергетски проекти

BiznisPRO