ТехнологијаТОП ВЕСТИ

Над 90 отсто од домаќинствата имаат пристап на интернет, дури 63,5 отсто од граѓаните купиле стоки или услуги преку интернет

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Во првото тримесечје од 2024 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91.2 %, а 76.4 % го користеле неколкупати во текот на денот.

63.5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.