„Намалете го греењето, облечете се потопло“: Кризата ја стега Европа, стравувањата од недостиг на гас и поскапување на храната

Соочени со неизвесноста дали ќе има доволно гас, богатите земји ги советуваат своите граѓани да облечат џемпери, додека во некои како Австрија е најавено драстично поскапување на храната.

Термостатите, со одлука на Владата, се намалуваат за два степени Целзиусови во официјалните институции во Холандија како начин за намалување на потрошувачката на енергија.

Владата рече дека сака да даде добар пример, објави во саботата холандската новинска агенција АНП.

– Нашите сметки за енергија растат, мора да станеме помалку зависни од гасот од Русија и сакаме да се бориме против климатските промени – навела владата во повикот до нацијата да воведе мерки за заштеда на енергија.

Во огласите во весниците и онлајн кампањите се повикуваат граѓаните да го прилагодат греењето во домовите на максимални 19 степени Целзиусови.

Можеби ќе ве интересира...

Еве во кои држави е најскапо да се подигне готовина од банкомати

BiznisPRO

Нафтениот гигант ги предупреди Бугарите: Ќе останете без гориво

BiznisPRO

Фич: Девизните резерви растат и ќе бидат стабилни и на среден рок

BiznisPRO