Нафтениот гигант ги предупреди Бугарите: Ќе останете без гориво

Лукоил предупредува на можен прекин на производството во Бугарија.

Укинувањето на квотите за извоз на нафтени деривати кои не можат да се продаваат на бугарскиот пазар од 1 јануари 2024 година е всушност еднакво на укинувањето на отстапувањето од декември 2023 година, се наведува во соопштението на Лукоил Нефтохим Бургас во врска со договорот на владејачките партии за отстапувањето на увозот на руска нафта.

ПП-ДБ, ГЕРБ-СДС и МРФ се договорија од 1 јануари 2024 година да бидат суспендирани квотите за извоз на руски нафтени деривати, а од 1 март да престане отстапувањето.

Според рафинеријата, блокирањето на извозот ќе доведе до брзо преполнување на магацините, како и до принуден прекин на производството. А тоа може да го доведе Лукоил до услови на зголемен технолошки и логистички ризик и да го загрози снабдувањето со горива на бугарскиот пазар.

Ова е причината поради која Лукоил повика на дијалог со институциите за да се најде „изводливо решение без ризик“.

Во меѓувреме, министерот за финансии Асен Василиев ги негираше тврдењата дека речиси една милијарда бугарски лева отишле во Русија преку рафинеријата, пренесува Seebiz.

„Данокот на добивка што ќе го плати Лукоил годинава е околу 400 милиони лева, а добивката што ќе ја оствари е околу 600-650 милиони лева. Односно 250 милиони лева е добивката што не ја внесуваме во бугарската каса. изјави тој за БНТ.

Можеби ќе ве интересира...

Сакаат да се укине предвременото пензионирање

BiznisPRO

Без увоз, исклучиво од сопствено производство ЕСМ изминатото деноноќие ги задоволи потребите од струја на домаќинствата и малите потрошувачи

BiznisPRO

Европската централна банка одлучи за три клучни каматни стапки

BiznisPRO