Европската централна банка одлучи за три клучни каматни стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека одлучила да ја задржи каматната стапка на главните операции за рефинансирање на 4,5 отсто.

Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на банката, Управниот одбор на ЕЦБ одлучи трите клучни каматни стапки да останат на исто ниво, така што каматата на маргиналната кредитна линија да остане на 4,75 отсто, а каматната стапка на депозитите останува на 4,00 отсто.

Септемвриската инфлација значително се намали, делумно како резултат на базниот ефект, а минатите зголемувања на каматните стапки сè уште значително се пренесуваат на условите за финансирање.

Ова ја намалува побарувачката и помага да се намали инфлацијата, според ЕЦБ.

Управниот одбор на ЕЦБ смета дека клучните каматни стапки се на нивоа кои доколку останат високи доволно долго, значително ќе придонесат за посакуваното намалување на инфлацијата до два отсто, се заклучува во соопштението на ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира...

Запленет имот на Ер Албанија

BiznisPRO

Закерберг „запали“ 500 милијарди долари ребрендирајќи го Фејсбук во Мета

BiznisPRO

Нов шок за граѓаните: Позната модна куќа од Германија прогласи банкрот

BiznisPRO