Наскоро започнува големо саемско освежување во Скопје, Саем на мебел од 20 до 24 март со неодоливи понуди

Домот треба да биде приказна што ќе раскажува кои сте вие, а Саем на мебел дефинитивно ќе биде воведот во новата приказна за вашиот личен простор.

За само две недели отсега следува големо саемско освежување во Скопје. Од 20 до 24 март ќе се одржи овогодинешното издание на Саем на Мебел во комплексот „Борис Трајковски“ со неверојатен избор, исклучителни понуди и неодоливи цени.

За ова саемско издание, организаторите обезбедија соодветен капацитет, односно изложувачите и посетителите ќе ги пречекаат во поголем изложбен простор, уреден по високи стандарди со оригинален концепт.

Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел. Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност, односно да добие професионален совет за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии, а сепак да биде модерен и трендовски.

Комерцијална банка АД Скопје повторно ќе биде Партнер на Саемот на мебел. На својот штанд ќе ја претстави понудата на кредитни производи и картички и ќе им ја понуди потребната поддршка на посетителите на Саемот за лесно и едноставно да го обезбедат посакуваното парче мебел.

На Саемот ќе учествуваат многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови, кои со сигурност ќе бидат вистинското освежување за сечиј дом.

Овој Саем ќе понуди голем избор на мебел, поволни цени, совети за уредување и финансиска поддршка, затоа посети го Саем на мебел 2024 и „Освежи го својот дом“ брзо, лесно, едноставно и стилски.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, август 2024 година

BiznisPRO

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

BiznisPRO

Три врсти јогурт со сменета грамажа – Дали производителите се обидуваат да ги заобиколат владините одлуки за есенската кошница?

BiznisPRO