New York Community Bank забележа пад на нејзините акции за 25 отсто и ги загрижи инвеститорите

New York Community Bank (NYCB) денеска забележа пад на акциите за 25 отсто, на под 4 долари по акција, откако го повтори помалиот квартален профит од 2,4 милијарди долари.

Како резултат на тоа, оваа американска банка го смени својот извршен директор и го одложи објавувањето на клучниот годишен извештај, објави Си-Ен-Ен. Американската телевизиска мрежа соопшти дека во целата оваа ситуација, веројатно најголем страв имаат инвеститорите во однос на комерцијалните недвижности и недостатоците кои банката ги пријавила кога станува збор за слабиот надзор во клучниот аспект од нејзиниот бизнис, кредитното портфолио.

Економскиот аналитичар Стив Мос рече дека оваа ситуација може да доведе до повисоки трошоци за задолжување во подолг период. (NYCB) е во очигледно тешка ситуација како што се приближува годишнината од минатогодишните банкарски превирања, пишува CNN. Тогаш кризата го погоди брегот на Силиконската долина, а американските власти мораа да интервенираат во врска со гаранциите за депозитите на клиентите.

Од друга страна, (NYCB) се сметаше за еден од победниците во ситуацијата откако купи голем дел од Signature Bank, која исто така беше погодена од кризата, додава CNN.

Можеби ќе ве интересира...

Еве во кои држави е најскапо да се подигне готовина од банкомати

BiznisPRO

Германија ги дели најголемите субвенции во историјата – И до 20.000 евра по домаќинство

BiznisPRO

Порасна цената на нафтата на меѓународниот пазар

BiznisPRO