Ниту Apple не можеше да ги спаси – Се затвораат продавнциите на германскиот ланец за продажба на компјутери, од работа испуштени 400 луѓе

По 38 години, германскиот продавач на електроника Gravis, најпознат како партнер на Apple, ги затвора вратите. Околу 400 работници остануваат без работа.

„По речиси четири децении бизнис, компанијата за продажба на компјутери, Гравис, од Берлин е пред затворање. Трговецот на електроника ќе ги затвори сите свои продавници во Германија“, потврди портпаролот на компанијата.

Не се знае кога ќе бидат затворени 37-те експозитури и онлајн продавницата, но извесно е дека тоа ќе биде до крајот на годинава. Како што изјави портпаролот на Гравис, сите продавници во Германија ќе бидат затворени до 31 декември, пишува магазинот Феникс.

Во последниве години, Гравис не можеше да биде во чекор со брзиот развој на онлајн трговијата и променливите потреби на потрошувачите. Компанијата беше преземена од подружницата на Фринет, Мобилком-Дебител пред неколку години, но ниту тоа не му помогна на Гравис во бизнисот.

Напротив, резултатот е пад на продажбата во филијалите и помали маржи, особено во бизнисот со производите на Apple.

Во последниот обид да го врати успехот во бизнисот, Гравис неодамна инвестираше многу во маркетингот и во обновувањето на идентитетот на брендот. Новото лого и модернизираното онлајн присуство беа наменети да привлечат клиенти и да ја поттикнат продажбата без готовина. И покрај овие напори и дискусии за можни партнерства за спас на бизнис моделот, успехот на крајот не се оствари.

Гравис не е првата компанија која не успеа да го издржи растечкиот притисок на онлајн малопродажбата. Пандемијата и забрзаниот тренд на онлајн купување само ги влошија проблемите со кои веќе се мачеа трговците на мало.

Дури и соработката со Apple како официјален давател на премиум услуги очигледно не можеше да го спаси Gravis од затворање продавници.

Можеби ќе ве интересира...

Објавена нова листа на милијардери: Кој е на врвот сега

BiznisPRO

Доларот нагло падна: еврото зајакна по пораките од ЕЦБ и ФЕД дека каматните стапки наскоро би можеле да се намалат

BiznisPRO

Оваа продавница продава неотворени пакети од Амазон: Можете да земете часовник, телефон или безвредна ситница

BiznisPRO